Македонија

Мисајловски на средба со новиот евроамбасадор Н.Е. Михалис Рокас

07.10.2024 15:03

Мисајловски и евроамбасадорот Рокас разговараа за интензивирање на соработката со Европската унија во безбедносната и одбранбена политика на ЕУ, како членка на НАТО и земја кандидат за членство во ЕУ...

Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски оствари средба со новиот евроамбасадор Н.Е. Михалис Рокас.

Мисајловски и евроамбасадорот Рокас разговараа за интензивирање на соработката со Европската унија во безбедносната и одбранбена политика на ЕУ, како членка на НАТО и земја кандидат за членство во ЕУ.

Мисајловски му посака успешна дипломатска мисија и упати благодарност до Европската Унија за последниот пакет на помош од 13 милиони евра, којшто ќе се финансира во рамките на Европскиот мировен фонд, а ќе придонесе за зајакнување на способностите и капацитетите на Армијата.

Во однос на нашето учество во мисиите и операциите на Заедничката безбедносна и одбранбена политика на Унијата и во борбените групи на Унијата, министерот потенцира дека со поддршката од ЕУ се зајакнуваат и капацитетите на државата и нашиот придонес кон глобалниот мир и безбедност.