евроинтеграции

Граѓаните го поддржуваат евроинтегративниот пат

07.10.2024 17:45

И покрај блокадата, македонските граѓани сè уште го поддржуваат членството во ЕУ. 77 проценти застануваат зад интегративниот процес. Колку раздвојувањето од Албанија ќе влијае на домашните случувања ќе зависи од исполнувањето на реформската агенда, оценуваат од Институтот за европска политика …

Се наоѓаме на точка на чекање во однос на европската интеграција и тешко да видиме промена во сценариото, велат од Институтот за европска политика. Додаваат дека Албанија сега и формално ќе биде чекор пред нас, што ќе влијае и на домашната политичка состојба, а во колкава мера, зависи од достигнувањата на владата во реформската агенда.

Новата македонска влада мора да создава партнерства со земјите членки на Европската унија, вклучително и со Бугарија, велат од Институтот. Додаваат дека поддршката на граѓаните во однос на европската интеграција, која ја констатирале по пат на анкети, не им дава на политичките елити простор за поинаква насока. 58,4 отсто од граѓаните целосно ја поддржуваат интеграцијата во ЕУ, со дополнителни 18,4 проценти кои рекле дека главно го поддржуваат членството во ЕУ.

 

Марија Котовска