Британската полиција во масовна акција против педофилијата
Над 660 осомничени педофили се уапсени во масовната полициска акција низ Обединетото Кралство, дел од шестмесечната операција насочена против онлајн злоупотребата на децата. Меѓу приведените има и лекари, поранешни полицајци, социјални работници, наставници, повозрасни членови на извидничката организација.

Во Националната Агенција за борба против криминалот оценија дека со акцијата е спречена злоупотреба на 431малолетник. Во масовната операција на британската полиција биле истражени 833 станбени објекти, при што за доказен материјал биле запленети над девет илјади различни апарати, најмногу лаптопи и мобилни телефони.
Зоран Богатинов