Политика

Превирања во албанскиот кампус

07.10.2024 15:27

Повиците да се реформираат не допираат до нив – „Европскиот фронт“ уверува дека коалицијата е стабилна и функционира во полн состав. „Вреди“ со серија причини зошто ДУИ ги изневерила очекувањата на граѓаните...

Додека се очекува официјално лидерот на ДПА Мендух Тачи да соопшти дали го напуштил „Европскиот фронт“, Блерим Беџети останува на тврдењето дека фронтот во Собранието функционира во полн состав. Вели нивниот блок е комотен, но не се граѓаните кои се изневерени од коалицијата „Вреди“, од нивните постапки како што е интегративниот процес.

Во „Вреди“ пак ги набројуваат аферите кои ДУИ ги имаше додека беа на власт. За местени тендери, давање на концесии на блиски до ДУИ, Влен со прашање дали партијата на Ахмети е подготвена да се соочи со одговорност. 

И додека „Европскиот фронт“ ги смета „Вреди“ за нелегитимни претставници на граѓаните во власта, од владејачката коалиција порачуваат дека ДУИ треба да се реформира, но и дека фронтот ќе го напуштат покрај Тачи и други пратеници.

 

Миле Ристески