Одбележан Европскиот ден на органодонорството
За некои единствена шанса за живот, за други можност за поквалитетен живот. Денеска е Европскиот ден на органодонорството. Досега трансплантирани 85 органи, но, сè уште има многу луѓе на листата на чекање...

Да се подари орган значи да се подари живот некому. Во последниве 4 години 21 семејство дале согласност за донирање. Сè уште има пациенти кои чекаат за трансплантација. Велат дека за нив тоа е можност за поквалитетен живот.
Здравствени работници со заедничка цел за зголемување на свесноста за дарување на органи преку едукација на медицинските лица и ннаселението.
Во 2020-та година во земјава за прв пат е извршена трансплантација на срце. Во последниве четири години трансплантирани се 85 органи.
На листата на срце, црн дроб и бубрези, во моментов нема пациенти означени како итни.
Европската комисија забележала дека е остварен напредок во однос на органодарителството и трансплантацијата во земјава како и напори за уредување на модерни процедури за трансплантирање на крвни плочки, истакна претставничката на ЕУ во земјава.
Ана Јосифоска
