УКРАИНА
Киев повторно цел на руските напади
07.10.2024 19:00
Украинската армија соопшти дека нападнала голем нафтен терминал на Крим, кој обезбедува гориво за руската армија...

Киев одново цел на руски ракети, воздушната одбрана успеала да ги пресретне проектилите. Улични борби и денеска во Доњецката област.
Украинската армија соопшти дека нападнала голем нафтен терминал на Крим, кој обезбедува гориво за руската армија.
Украинскиот претседател Зеленски вели дека војната влегла во клучна фаза. Москва го обвини Киев дека подготвува провокација со хемиско оружје во Украина, а за вклученост во планот прстот го вперија кон Вашингтон.
