Мурал на потпорен ѕид долг 120 метри крај реката Пена со порака за отпорност кон поплавите
Голем мурал насликан од уметници осамна на новиот потпорен ѕид долг 120 метри, на патот кој води од Тетово кон излетничкото место Бањиче на реката Пена...
Голем мурал насликан од уметници осамна на новиот потпорен ѕид долг 120 метри, на патот кој води од Тетово кон излетничкото место Бањиче на реката Пена. Муралот е финансиран од УНДП и Швајцарската амбасада, како дел од активностите на организацијата за одбележување на Меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи, 13 октомври.
Муралот е инспириран од цртежи изработени од дваесетина ученици од повеќе основни училишта од тетовско, кои учествуваа на работилници организирани од УНДП.
Ѕидот кој послужи како платно за уличните уметници е изграден во рамките на проектот „Подобрување на отпорноста кон поплавите во Полошкиот Регион“, финансиран од Швајцарија.
