Свет
Словачкиот премиер ќе го блокира влезот во НАТО додека тој е на власт
07.10.2024 22:02
Словачкиот премиер Роберт Фицо го коментираше можното членство на Украина во НАТО и изјави дека тоа нема да се случи додека тој е на власт во Словачка...

Словачкиот премиер Роберт Фицо го коментираше можното членство на Украина во НАТО и изјави дека тоа нема да се случи додека тој е на власт во Словачка.
Дополнително, Фицо рече дека во име на владата ќе го блокира секој обид на Украина да влезе во НАТО.
„Сè додека сум на чело на словачката влада, ќе упатувам пратениците кои се под моја контрола никогаш да не се согласат за членство на Украина во НАТО“, изјави Фицо.
