Една година конфликт на Блискиот Исток, битките продолжуваат
На денот на комеморативната церемонија во Тел Авив, израелската армија објави дека од Либан се истрелани повеќе од 130 проектили кон северот, како и дека е лансирана ракета од Јемен...

Светот одбележа една година од конфликтот на Блискиот Исток додека во исто време продолжија нападите. На денот на комеморативната церемонија во Тел Авив, израелската армија објави дека од Либан се истрелани повеќе од 130 проектили кон северот, како и дека е лансирана ракета од Јемен.
Сè додека непријателот го загрозува нашето постоење и мирот на нашата земја – ние ќе продолжиме да се бориме. Сè додека нашите заложници сè уште се во Газа, ние ќе продолжиме да се бориме. Ние нема да оставиме ниту еден од нив. Јас нема да се откажам“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Американскиот државен секретар Блинкен изјави дека е време да се постигне договор за прекин на огнот во Појасот Газа. Меѓународниот комитет на Црвениот крст објави дека палестинската енклава претрпе масовно уништување и дехуманизација за една година.
