УКРАИНА
Руските и украинските сили се борат во пет правци
08.10.2024 08:14
Украинскиот претседател Зеленски истакна дека ситуацијата во регионот Доњецк и натаму е особено предизвикувачка...

Борбите меѓу руските и украинските сили продолжуваат во пет правци. Украинскиот претседател Зеленски истакна дека ситуацијата во регионот Доњецк и натаму е особено предизвикувачка.
„Ги покануваме нашите партнери да дефинираат како го замислуваат крајот на оваа војна, местото на Украина во глобалната безбедносна архитектура и заедничките чекори кои можат да ја насочат оваа војна кон крајот“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Претстојниот викенд во воздухопловната база Рамштајн во Германија треба да се сретнат лидерите на одбраната од над 50-те партнерски земји кои ја координираат воената помош за Украина.
