БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Продолжува потрагата по исчезнати во поплавите во БиХ

08.10.2024 08:17

Спасувачките екипи го расчистуваат теренот, во потрага по преживеани се вклучени и кучиња трагачи...

Во катастрофалните поплави и одрони во Босна и Херцеговина загинаа 18 лица во Јабланица и Коњиќ. Во исто време продолжува потрагата по исчезнатите. Спасувачките екипи го расчистуваат теренот, во потрага по преживеани се вклучени и кучиња трагачи.
 
Обвинителството отвори предмет за каменоломот во Доња Јабланица, сопственикот на фирмата што вршела ископ ги немала потребните дозволи.