Дебата за извештајот на ДЗР за одлив на кадри
На седницата на оваа Комисија ќе се разгледува Конечниот извештај за извршена ревизија на успешност на тема „Ефективност на мерките за спречување на одливот на високообразовни и стручни кадри“ подготвен од Државниот завод за ревизија...

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика.
На седницата на оваа Комисија ќе се разгледува Конечниот извештај за извршена ревизија на успешност на тема „Ефективност на мерките за спречување на одливот на високообразовни и стручни кадри“ подготвен од Државниот завод за ревизија.
ДЗР во извештајот заклучува дека со спроведената ревизија и применета ревизорска Методологија, прибраните ревизорски докази, стекнале уверување дека активностите на Владата како носител на политиките за управување со миграцијата не се ефективни за намалување на одливот на високообразовниот кадар од државата.
Проценките од извршената анализа на ангажираниот експерт на ДЗР покажуваат дека во периодот 2013-2021 година од државата просечно годишно мигрираат по околу 2.500 високообразовани кадри, за кои државата просечно годишно инвестирала по околу 5 милијарди денари или вкупно за анализираниот период потрошила 44,7 милијарди денари. Се подочува дека одливот на високообразованите кадри ја чини државата 0,8 проценти од годишниот БДП.
