САД

Флорида на удар на ураганот „Милтон“

08.10.2024 08:22

Државата во југоисточниот дел на САД сè уште се опоравува од уништувањето што го предизвика ураганот „Хелена“ на 26-ти септември...

Флорида се подготвува за ураганот „Милтон“. Државата во југоисточниот дел на САД сè уште се опоравува од уништувањето што го предизвика ураганот „Хелена“ на 26-ти септември.

„Сите луѓе на Западниот брег на полуостровот Флорида треба да бидат подготвени за потенцијални големи влијанија. Треба да имате план, особено ако сте на Западниот брег на полуостровот Флорида“, изјави Рон Де Сантис, гувернер на Флорида.

„Милтон“ брзо се разви од тропска бура над југозападниот Мексикански Залив до ураган од прва категорија во неделата. Мексиканските власти организираа автобуси за евакуација на луѓето од полуостровот Јукатан, на брегот на Заливот.