КОРЕЈСКИ ПОЛУОСТРОВ

Ун порача дека неговата земја ќе ги забрза чекорите за да стане воена суперсила

08.10.2024 08:58

Предупреди дека нема намера да ја нападне Јужна Кореја, но доколку непријателот се обиде да употреби сила, севернокорејската војска без двоумење ќе ја употреби целата своја моќ...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун порача дека неговата земја ќе ги забрза чекорите за да стане воена суперсила со нуклеарно оружје. Предупреди дека нема намера да ја нападне Јужна Кореја, но доколку непријателот се обиде да употреби сила, севернокорејската војска без двоумење ќе ја употреби целата своја моќ.

Во говорот одржан на Универзитетот за национална одбрана, Ким истакна дека воениот сојуз меѓу Вашингтон и Сеул целосно станал нуклеарен, за што Пјонгјанг треба да одржува висока борбена готовност.