Македонија

Трајков на научна конференција „Европската рута на светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско“

08.10.2024 09:16

Конференцијата е дел од Програмата на Културните рути на Советот на Европа...

Заменик министерката за европски прашања, доц. д-р Викторија Трајков, денеска ќе ја отвори научната конференција со наслов „Европската рута на светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско“ која ја организира Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Конференцијата е дел од Програмата на Културните рути на Советот на Европа.