Фудбал
Едерсон си заминува од Манчестер сити
08.10.2024 09:38
Вредноста на Едерсон се проценува на 35 милиони евра, а и претходно тренерот Пеп Гвардиола откри дека Бразилецот сакал да замине, но не пристигнала добра понуда...

Пари Сен-Жермен е заинтересиран за голманот на Манчестер сити, Едерсон, пренесува „Daily Mail“.
Според британскиот весник, управата на парижаните може следното лето да потпише договор со 31-годишниот Бразилец, а потоа да го продаде Џанлуиџи Донарума. Вредноста на Едерсон се проценува на 35 милиони евра, а и претходно тренерот Пеп Гвардиола откри дека Бразилецот сакал да замине, но не пристигнала добра понуда.
Едерсон брани за Манчестер сити од јули 2017 година. Во сезоната 2024/25, голманот бранеше на девет натпревари, прими девет гола и два пати ја сочува мрежата чиста.
