Без Трајковски за дуелите против Летонија и Ерменија, неизвесен и Чурлинов

08.10.2024 10:14

Од фудбалерите кои селекторот Благоја Милевски ги повика минатата недела, октомврискиот циклус ќе го пропушти искусниот Александар Трајковски, а неизвесен е и настапот на Дарко Чурлинов.

Македонската фудбалска репрезентација ги почна мини подготовките во Скопје за претстојните натпревари на гостински терен против Летонија и Ерменија во рамки на Лигата на нации.

Од фудбалерите кои селекторот Благоја Милевски ги повика минатата недела, октомврискиот циклус ќе го пропушти искусниот Александар Трајковски, а неизвесен е и настапот на Дарко Чурлинов.

„Фудбалерот на сплитски Хајдук, Александар Трајковски не е подготвен за максимален напор и нема да биде дел од подготовките на македонската А-репрезентација за натпреварите против Летонија и Ерменија од Лига на нации. Поради истегнување на мускулот на ногата неизвесно е приклучувањето во репрезентацијата за двата дуели и на Дарко Чурлинов“, соопшти ФФМ.

Македонската репрезентација в четврток ѝ гостува на Летонија во Рига, а на 13 октомври ја очекува дуелот против Ерменија во Ереван.

 

Фото: ФФМ