Експерти: Изјавата на Меркел покажува дека идентитетот е на маса

16.07.2014 17:16

Изјавата на германската канцеларка Меркел јасно покажува дека идентитетот е на маса, што според искусниот дипломат Ристо Никовски е многу опасно и бара внимателност. Вели, Германија е инволвирана во случајот и ќе направи се за да произлезе некакво решение кое, според него, може да биде опасно.

Изјавата на германската канцеларка Меркел јасно покажува дека идентитетот е на маса, што според искусниот дипломат Ристо Никовски е многу опасно и бара внимателност. Вели, Германија е инволвирана во случајот и ќе направи се за да произлезе некакво решение кое, според него, може да биде опасно.

„Може да се претпостави дека оваа изјава значи- во ред, името ќе го дадете, а идентитетот ќе го гарантираме, а тоа е да се разбереме нешто нереално, нешто невозможно, бидејќи идентитет не може никој да ви гарантира- или постои, или не постои. Играта е многу опасна за нас, мора да бидеме крајно внимателни, и да направиме некаква стратегија која ќе биде контра тие напори во можност да го добиеме максималното“, вели аналитичарот Ристо Никовски.

Во Македонскиот центар за европско образование оценуваат дека споменувањето на идентитетот од страна на Меркел не треба да се  предимензионира. Извршниот директор, Бојан Маричиќ за МТВ вели дека е побитно упатувањето на компромис за решение на проблемот со името.

„Треба да ја искористиме шансата што ја пружа Германија, бидејќи следниот месец, во август има голем самит ЕУ и Западен Балкан организиран токму од Ангела Меркел во Берлин. Можеби таму ќе има нешто повеќе, нешто поконкретно од оваа помош што до сега се нудеше“, вели Бојан Маричиќ, извршен директор на Македонскиот центар за европско образование.

Германската канцеларка вчера од Дубровник порача- нерешениот проблем со името и идентитетот меѓу Македонија и Грција е товар за сите и мора да се најде решение Македонија да стане членка на НАТО и на Европската унија. Додаде и дека размислувала за сите можни комбинации за името, но, според неа, не постои ништо повеќе што може да се измисли.

Лидија Чакар