Почина македонскиот поет, прозаист и преведувач Михаил Ренџов
На 88-годишна возраст, почина македонскиот поет, прозаист и преведувач Михаил Ренџов. Михаил Ренџов е роден на 25 август 1936 година во Штип. Добитник е на многу награди...

На 88-годишна возраст, почина македонскиот поет, прозаист и преведувач Михаил Ренџов. Михаил Ренџов е роден на 25 август 1936 година во Штип. Завршил Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје како советник по библиотекарство. Михаил Ренџов бил прв уредник на Блесок Поезија.
Добитник е на многу награди, меѓу кои: „11 Октомври“ и „Браќа Миладиновци“ за книгата Нерези (1982), „Григор Прличев“ за поемата „Тој“ (1993), „Ацо Шопов“ за книгата Јас Оксиморон (1999), „Рациново признание“ за книгата Захариј и други раскази (2004), „Григор Прличев“ за поемата Предвесница (2009), „Браќа Миладиновци“ за книгата Јас. Елегии (2017).
Беше член на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија.
