„Летаргија“ - изложба на цртежи од Ангел Коруновски
Зародиш на концептот на изложбата е глобализацијата, пласирањето на лажни информации и вредности како и потценувањето на луѓето и нивните способности...

Зародиш на концептот на изложбата е глобализацијата, пласирањето на лажни информации и вредности како и потценувањето на луѓето и нивните способности. Осознавањето преку брза информација без потковување на знаењето кое изискува време и истражување претставува глобален проблем во целото општество кое се движи во погрешен правец, комплетна капитализација и вреднување на материјални добра како основен идентитетски печат кај единките.
Живееме во време на брзи вистини, подадени и наложени вредности, нема индивидуалност, луѓе слични кои функционираат како бинарен број кој е зададен да создаде една наметнато поставена слика.
Делата на изложбата се сурови, искрени и голи како нужна потреба на отсликувањето на општеството, впрочем нели културата е образ, огледало на времето и општество во кое живееме?
Цртежите се работени во комбинирана техника каде тушот и перото се појдовна точка, додека алатките како PROCREATE & PHOTOSHOP прават колмуниција во создавањето на една монументално творба во дигитален формат.
- Се надевам дека публиката ќе ужива во едно негување на класичниот начин на творење преку фундаментот на ликовниот начин на изразување – ЦРТЕЖОТ репрезентиран во нов начин на презентација како дигитална монументална уметност, вели Ангел Коруновски.
Изложбата ќе биде отворена на 09.10. 2024 и ќе трае до 23.10. 2024 година. Промотори на изложба – Сашо Димоски и Јасмина Намичева. Дизајнот е на Лазе Трипков.
