Ураган

„Кирк“ се движи кон Европа

08.10.2024 10:45

На патот североисточно кон Европа, се очекува да биде намален на ураган од прва категорија. Во Франција, Белгија, Холандија и северна Германија најавен е силен ветер и изобилни врнежи.

Ураганот „Кирк“ се движи кон Европа. Во централниот дел на Атлантикот достигна четврта категорија.

На патот североисточно кон Европа, се очекува да биде намален на ураган од прва категорија. Во Франција, Белгија, Холандија и северна Германија најавен е силен ветер и изобилни врнежи.

Според метеоролзите можно е да ги зафати и најјужните делови на Велика Британија.