Дурмиши: Цените од есенската кошничка се намалиле во просек од 5 до 10 проценти
На прес-конференцијата по повод 100 дена Влада, Дурмиши нагласи дека се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо имајќи го предвид и намалувањето на цените во трговијата на големо, кое допрва треба да се случи во наредните пратки, при достава на производите во маркетите.
Првичните анализи од терен, кажуваат дека цените на производите од есенската кошничка се намалиле во просек од 5 до 10 проценти, при што кај некои производи намалувањето на цените е помало, или воопшто и го нема како кај лебот, маслото за јадење и млекото, додека кај други производи е значително поголемо како кај месото, зеленчукот, сирењето и кашкавалот, изјави денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.
Оваа мерка, додаде Дурмиши, ќе продолжи и во наредниот период како божиќна кошница, рамазанска кошница, велигденска кошница.
На прес-конференцијата по повод 100 дена Влада, Дурмиши нагласи дека се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо имајќи го предвид и намалувањето на цените во трговијата на големо, кое допрва треба да се случи во наредните пратки, при достава на производите во маркетите.
Стапи на сила и Законот за нефер трговски практики со кој се ограничуваат рабатот и дополнителните трошоци за над 2.500 прехранбени производи, од што очекуваме дополнително намалување на цените на храната до крајот на овој месец, потенцира Дурмиши.
