АЛБАНИЈА

Протест во Албанија, луѓето фрлаа молотови коктели, полицијата солзавец

08.10.2024 11:14

Десетмина полицајци и тројца демонстранти се повредени на антивладините протести во Тирана...

Десетмина полицајци и тројца демонстранти се повредени на антивладините протести во Тирана. Толпата се обидела да го пробие полицискиот кордон и фрлала молотови коктели кон чуварите на редот.

Полицијата интервенирала со солзавец. Демонстрантите ја обвинуваат владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама за корупција, непотизам, изборна измама, влијание врз судството и обид за замолчување на опозицијата.

Се бара формирање на привремена влада до парламентарните избори закажани за следната година.