Охрид - Продолжено работно време на угостителите
Продолжувањето на работното време за угостителските објекти во текот на 15-тина дена на летото,а со цел да се придонесе во развојот на туризмот делумно ги задоволи угостителите,а жителите во стариот дел на охрид негодуваат.иако одлуката требаше да ги обедини нивните интереси,тие имаат различни ставови по ова прашање.

По продолжувањето на работното време за 2, односно еден час во текот на 15-тина дена за време на туристичката сезона охридската локална самоуправа се најде помеѓу два огна. Незадоволни се и угостителите и жителите од стариот дел на градот, иако целат беше да се избалансираат нивните интереси,а во истовреме да се поттикне туристичкиот развој.
„Целта е да се задоволат интересите на угостителите и интересите на жителите на Стар град кои години наназад се соочуваат со бучавост.Значи со оваа одлука двете страни се задоволени.Мирен сон за охриѓани и задоволни угостители„ вели Ангела Белевска, задолжена за односи со јавност во општина Охрид.
Угостителскиот еснаф не подржувал ваква одлука, но никој не сакаше своето мислење да го каже пред нашата камера.
Од Здружението на угостители се воздржани околу ова прашање, бидеќи како што велат, тие барале разумно продолжување на работното време во текот на целата туристичка сезона.
Од друга страна граѓаните кои живеат во стариот дел на градот сметаат дека нешто мора да се менува во туристичката концепција,бидеќи ниту тие,ниту гостите што се сместени во тој дел на Охрид немаат мирен сон во текот на целото лето.
„Во овие угостителски објекти воглавно е концентрирана публика од мештани,млади луѓе кои што доаѓаат.Значи туристите,масата туристи која што ја бараме ние во Охрид ја нема„ вели охриѓанецот Љупчо Поп Стефанија.
Сепак вистината е некаде во средината.Угостителите треба да разберат дека околу нивните објекти живеат граѓани кои следниот ден треба да одат на работа,а пак другите треба да се помират со фактот дека е привилегија да се живее во најголем туристички центар на една земја,но и дека тоа има свои лоши страни.
Сашо Нелоски
