Политика

Тачи го напушти Европскиот фронт, за Вреди тоа е почеток на неговиот распад

08.10.2024 12:14

Лидерот на ДПА и пратеник, Мендух Тачи повеќе не е дел од Европскиот фронт...

Лидерот на ДПА и пратеник, Мендух Тачи повеќе не е дел од Европскиот фронт. Иако го напушти опозицискиот блок, неговите доскорешни партнери немаат потврда дека тој ќе делува надвор од пратеничката група. Со неговото заминување, коалицијата ќе падне на 17 пратеника во Собранието.

Сепак Тачи смета дека ДУИ ги поразила „Вреди“ во секоја смисла и нема сомнеж дека таа е политичка сила во земјава. Лидерот на ДПА смета дека актуелната Влада добила силен удар кога Европската унија ја одвоила Македонија од Албанија на патот за членство.

Коментирајќи го излезот на ДПА и Мендух Тачи од Европскиот фронт, од коалицијата Вреди оценуваат дека тоа е почеток на неговиот распад.