Трајков ја отвори научната конференција насловена „Европската рута на светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско“
Заменик министерката за европски прашања, доц. д-р Викторија Трајков, денес ја отвори научната конференција насловена како „Европската рута на светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско“ која ја организира Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“...

Заменик министерката за европски прашања, доц. д-р Викторија Трајков, денес ја отвори научната конференција насловена како „Европската рута на светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско“ која ја организира Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
„Ние како Министерство за европски прашања културните рути ги согледуваме како сегмент од поширока мрежа која овозможува сплотување меѓу глобалните, националните, регионалните и локалните институции со широк спектар на дејствување и економски оператори. Учеството на нашата земја во рамките на Европската културна рута на Кирил и Методиј, несомнено, ќе придонесе за значајна туристичка, културна и научна промоција на Кирило-Методиевското наследство кое низ богатството на форми е изразено на македонска почва“-рече ЗМЕП Трајков.
„Сметам дека и во иднина ваквите значајни проекти со европски предзнак се за сèсрдна поддршка од Министерството за европски прашања, во чие име им посакувам успешна работа на учесниците на конференцијата, а на гостите од странство откривање на Кирило-Методиевското културно наследство и пријатен престој во Градот Скопје, додаде Трајков.
