Македонија

Во Општина Василево забрана за пиење на водата од градскиот водовод

08.10.2024 12:44

По Струмица забрана за користење на водата за пиење има и во Општина Василево. Забрана има за населените места кои со вода се снабдуваа од брана „Турија“. Жителите тврдат дека со години не ја користат и со вода се снабдуваат од пумпите и хидрофори во своите дворови.

Зора Андонова од Василево, утрово дозна дека водата е забранета за пиење од водоснабдувачкиот систем кој е поврзан со брана „Турија“. Сега со вода ќе се снабдува од пумпата во селскиот двор.

Водата од водоводот не ја користат и други жители на Василево. Дел од нив имаат бушотини и хидрофори во дворовите, други пак, одат од изворски чешми.

ЈП „Турија“ објави дека по направените најнови физичко-хемиски и микробиолошки анализи, водата од филтер станиците Ташли Баир и Добрашиници кои се поврзани со брана „Турија“ не е за употреба за пиење.

 

Ване Трајков