Евроинтеграции

Муртезани: Брисел не гледа со оптимизам, но не го отфрла предлогот за уставни измени со одложено дејство

08.10.2024 13:10

Во Брисел по предлог-уставните измени со одложено дејство не се гледа со голем оптимизам, став на вицепремиерот Муртезани, кој денеска даде отчет за 100 дена на функцијата…

Брисел не гледа со голем оптимизам за предлог-уставните измени со одложено дејство, но не ги ни отфрла, вели вицепремиерот за европски прашања Муртезани. Даде отчет, за 100 дена на функцијата.

„Досега немаме финален предлог, меѓутоа и да имаме таков нема да брзаме да го објавиме пред да бидат завршени изборите во соседна Бугарија, бидејќи сметаме дека периодов и да имаме најдобар можен план, не знаеме дали ќе биде прифатен од другата страна, затоа се работи интензивно на изнаоѓање решенија, и мислам дека ова е правилниот пристап за понатаму“, рече Муртезани.

Вицепремиерот за европски прашања истакна дека Владата се обидува да го заштити процесот.

„И премерот во неколку наврати и Владата имаат споменато дека не е спорно ништо да се носат уставните измени. Меѓутоа, ние сакаме да бидеме сигурни дека процесот понатаму нема да биде предмет на дополнителни блокади“, нагласи Муртезани.

Известува Ирина Гелевска