Цени на мало

Дурмиши: Цените на производите се намалени од 5 до 10 насто

08.10.2024 13:22

Министерот за економија Дурмиши, од говорницата порача, четиричлено семејство заштедува од 690 до 1.300 денари од мерките што ги воведе владата ...

Министерот за економија Дурмиши даде отчет за сработеното, по сто дена на функцијата. Од говорницата порача, четиричлено семејство заштедува од 690 до 1.300 денари од мерките што ги воведе владата. „Доколку не ја донесевме Есенската кошничка и акцијата `Помалку трошоци – повеќe за вас` цените на храната дополнително ќе се зголемија, а со тоа и инфлацијата“, истакна денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Александра Велинова известува