Се бара решение да се задржат младите во земјава
Државниот завод за ревизија заклучил дека активностите на Владата не се ефективни за намалување на одливот на високообразовниот кадар од државата. Вклучен алармот. Фрапантна е бројката на млади кои си заминува од земјава, а со тоа губи и македонската економија...

Годишно околу 2.500 високообразовни кадри мигрираат од земјава. Државниот завод за ревизија ги претстави податоците од изготвениот извештај.
Последните десет години околу 40 проценти од високообразовниот и стручен кадар во Македонија ја напуштил земјата. Според податоците, државата е меѓу првите 20 земји во светот со најголем одлив на кадар, а се наоѓа на петото место во рамки на Европската унија.
Потребно е да се преземат мерки, да се обноват студиските програми според тоа што го бара пазарот на труд. Министерката Јаневска уверува дека постојано се преземаат активности.
Нето-ефектите се фрапантно негативни, вели експертот Наумовски, кој го изготвил извештајот.
Според пратениците, ова е една од подобрите анализи.
На Комисијата за економски прашања, труд и енергетска едногласни се ставовите дека час поскоро мора да се изнајдат решенија за задржување на младите во нашата земја.
Ана Јосифоска
