Еден поинаков концерт
Најголемата дива на регионалната шлагер и џез сцена, Бисера Велетанлиќ со уникатниот Васил Хаџиманов бенд
08.10.2024 14:25
Ќе се одржи само еден, ексклузивен концерт, најавуваат од Авалон продукција...

На 17-ти ноември Скопје и Македонија ќе можат да уживаат во една специјално убава вечер со препознатливиот глас и појава на Бисера Велетанлиќ, која остана единствената на овие простори која ги спојува шлагерот, џезот и велеградската урбана шансона, заедно со Васил Хаџиманов бенд.
Влезниците ќе бидат во продажба од среда (9-ти октомври), а ќе бидат пуштени и лимитиран број на ВИП влезници.
Ќе се одржи само еден, ексклузивен концерт, најавуваат од Авалон продукција.
