Доволни ни се два сета!
И покрај тоа што постојано се во немирни води, македонските одбојкари од Јадранот го гледаат финалето на Европската лига. Победата од 3-1 над Црна Гора во првиот меѓусебен дуел во Скопје, дава реална надеж дека нашиот национален состав може да ја продолжи сезоната за паметење, барем за уште еден чекор.

Со автобуси на далечни дистанци, без постојана сала за натпревари и за тренинзи, на теренот со силни противници! Но и покрај тоа македонските одбојкарски репрезентативци се на добар пат да ја елиминираат Црна Гора од полуфиналето во Европската лига. Лани ривалот беше петтопласиран во квалитетната конкуренција, но иако ние сме дебитанти во годинашната сезона од Европската лига, во „Борис Трајковски“ остваривме триумф што вечерва ни обезбедува најмалку златен сет. Ако на реваншот во Будва освоиме два, дури и со пораз ќе го решиме двомечот во наша полза. Доколку Црногорците се радуваат со 3-0 или со 3-1, тогаш ќе има дополнителен сет што ќе се игра до 15 поени. Со загубен натпревар со 3-2 и се разбира со каква било победа, Македонија ќе се пласира во финалето. Во оваа насока оптимистички делуваат седумте победи на осум соочувања во групната фаза. Австрија, Данска, Турција и Словенија беа нашите, а Романија, Полска, Азербејџан и Грузија противници на Црногорците во овој натпреваруивачки сегмент во којшто нашиот вечерашен противник забележа биланс 6-2. Доколку ја реализираат целта, избраниците на селекторот Жарко Ристовски ќе се изборат за уште два меча во коктиненталната конкуренција, најверојатно со Словенија која во првата полуфинална средба со Грција славеше со 3-2 на гостински терен.