Празник

Петок неработен ден за сите граѓани

08.10.2024 14:30

Министерството социјална политика, демографија и млади соопштува дека Ден на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија...

Министерството социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 11 октомври 2024 година (петок), Ден на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството социјална политика, демографија и млади на граѓаните им го честита Денот на народното востание.