Економија

СДСМ: Трошоците за живот зголемени, мерките на Владата задоцнети

08.10.2024 17:04

Владата не успеа на време да воведе мерки со кои ќе ги намали трошоците на живот и ќе ќе го заштитат стандардот на граѓаните, велат од опозициската СДСМ. Реакцијата на опозицијата следува откако статистика објави инфлација од 2,6 проценти во септември...

Трошоците за живот зголемени, мерките на Владата задоцнети кои нема да имаат ефект, велат од опозициската СДСМ. Потсетуваат дека според податоците од Државниот завод за статистика, живејачката во септември пораснала за 2.6 проценти во споредба со истиот период лани, додека цените на мало се зголемиле за 3.3 проценти. Владата, велат, не успеа на време да воведе мерки кои ќе го заштитат стандардот на граѓаните и да ги намалат трошоците на живот.

„СДСМ во неколку наврати алармираше дека власта чекаше предолго и дека мерките нема да имаа никаков ефект. Ако се види моментално состојбата во маркетите, се потврдува дека речиси и да нема производи со намалени цени, дури забележано е и намалување на грамажата на одредени производи за да се одбегне намалувањето. Актуелните економски политики на Мицкоски се погрешни и со нив стандардот на граѓаните ќе се намалува“, велат од партијата.

За СДСМ е неприфатливо граѓаните да го носат товарот на економските потешкотии, додека Владата презема мерки со, како што велат, задоцнетите мерки.

Реакцијата на опозицијата следува откако статистика објави инфлација од 2,6 проценти во септември.

Во меѓувреме, инспекцијата од воведувањето на есенската кошница направиле над 500 надзори. Изрекле повеќе од 30 казни, тешки 4,3 милиони денари за непочитување на владината мерка.

 

Борис Грујоски