Стартуваат уставните измени
Со 82 гласа законодавниот дом даде зелено светло за владиниот предлог за уставните измени.

При електронското гласање, затаи системот кај една пратеничка и процедурата повторена со поединечно гласање. Во пленарналната сала присутни ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во полн состав. На 80-те гласа од коалициските партнери се придружија од пратеничката од НДП и пратеникот од ГРОМ. Како и што најавија ДПА гласаа против. Либералдемократката Каровска остана воздржана при гласањето. Местата на опозициската СДСМ празни. До пратениците порака од Димовски.
„Јас би сакал во оваа прилика да ги повикам оние пратеници коишто не доаѓаат на работа во собрание, а имаат добиено мандат од граѓаните на Република Македонија, да ја прифатат личната одговорност дека во еден ваков клучен момент кога разговараме за уставното уредување на Република Македонија, тие својата партија и своите лични интереси ги ставаат да приоритетно место“, рече Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Судство, финансии, семејни права, пакет од 8 мерки кои според владата треба да се вградат во највисокиот правен акт. Потребата образложена од министерот за правда.
„Практичното спроведување всушност има покажано неколку недостатоци во текот на минатите години, затоа тенденцијата на овие предложени измени на Уставот, над се е насочено кон отстранување на овие недостатоци“, рече министерот за правда, Аднан Јашари.
Дел од дискутантите со забелечки до првиот човек во ресорот правда за според нив скромно понудените информации за секоја од предложените уставни корекции. Повеќе анализи и компаративни податоци како што беше речено би ја насочиле јавната дебата во вистинската насока.
За ДПА стручната дебата ирелевантна. Тие како и што најавија гласаа против. Расправата во пленарната сала ја исползуваа за добивање политички поени пред албанскиот електорат.
„Груевски ви рекол одете и бранете го вие Уставот и ве потценил како албанци затоа што сте дојдени да ги браните предлозите на ВМРО“, рече Беким Фазлиу од ДПА.
„Политичкиот субјект беше истиот тој што и ноќе и дење седеше пред вратите на владата и го молеше Никола Груевски да стане дел од оваа влада. Оваа работа ја знаат убаво и граѓаните албанци“, рече Рафиз Алити од ДУИ.
Јавна расправа и нацрт уставни амандмани, ова е процесот што му претходи пред конечното изгласување на уставните амандмани за коишто повторно ќе треба да се обезбеди поддршка од 82 пратеници.
Виолета Димовска
