Врховен суд

Државата е должна да обезбеди здрава животна средина, став на Врховниот суд

08.10.2024 17:57

Со не преземање на мерки за здрава животна средина извршната власт го крши основното човеково право. Застрашувачки се податоците дека приближно 5.000 граѓани животот го губат, меѓудругото, и како последица на загаден воздух...

Државата мора да почне да се грижи граѓаните да дишат чист воздух. Со не преземање на мерки за здрава животна средина извршната власт го крши основното човеково право. Согласно националната и меѓународната регулатива, државата е должна да обезбеди здрава животна средина, е став на Врховниот суд.

Оваа точка на дневен ред беше ставена по претставка на адвокатско друштво чии претставки од граѓани биле одбиени од страна на Управниот суд. На овој начин е повредно основното човеково право со несторување.

Универзитетскиот професор Борче Давитковски пред судиите рече дека граѓаните имаат право на чист воздух. Застрашувачки се податоците дека приближно 5.000 граѓани животот го губат, меѓудругото, и како последица на загаден воздух, кој е пак, причина за смртност на 1 од 10 бебиња. Вели дека надлежните не треба да апелираат до граѓаните и компаниите за почист воздух, тоа е нивна должност според закон, за да имаме здрава животна средина.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски