Процес Брдо-Бриони

Сиљановска Давкова: Евроинтеграцијата да се базира единствено врз Копенхашките критериуми

08.10.2024 17:27

Претседателката Сиљановска Давкова учествува на состанокот на лидерите на земјите во процесот Брдо-Бриони во Црна Гора. На маргините средба со нејзиниот колегите од Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина. Евроинтеграцискиот процес мора да се ослободи од оковите на билатералните прашања и целосно да се дебилатеризира, посочила во разговорите.

Европската унија мора да ја потврди посветеноста кон регионов, а интеграцијата да се базира единствено врз исполнувањето на Копенхашките критериуми, ослободен од оковите на билатералните прашања, истакнала македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова на средбите со колегите од регионот, на маргините на состанокот во Тиват.

Силјановска предупредила и дека поради актуелниот ќорсокак во кој се наоѓа пристапниот процес, се зголемува и опасноста од евроскептицизмот.

На маргините на состанокот, Давкова ставовите за евроинтеграциите ги пренесе на средбите со колегата од Хрватска, Зоран Милановиќ, од Словенија, Наташа Пирц Мусар и од Босна и Херцеговина, Жељка Цвинајовиќ. На сите средби биле констатирани добрите билатерални односи, како и цврстата поддршка и соработка во однос на македонските евроинтеграции.

 

Марија Котовска