ПИОМ

Недостиг на кадри и нерешени предмети за пензии

08.10.2024 18:29

И по неколку месеци подадени документи во битолската филијала на ПИОМ, оние кои заминале во пензија не можат да ги добијат документите за статус на пензионери. Директорот Никола Мемов по увидот најави брзо решавање на овие случаи по основ на кадровско зајакнување и прераспределба на предметите по другите филијали на ПИОМ …

Битолската филијала на ПИОМ се соочува со еден од најгорливите проблеми од своето постоење. Поради недостаток од вработени се таложат предметите на лицата кои заминуваат во пензија.

Тони Аврамовски е само еден од нив. Вели, правото на пензија го остварил пред два месеци. Засега останува на почетните позиции само поднесени документи.

Алармантната состојба при денешната посета ја констатира и директорот Никола Мемов. Причината ја гледа во тоа што последниве две децении фондот систематски е уништуван од кадровски аспект. Тој најави дека под итно се преземени мерки за санација на овој кадровски дисбаланс, кој настанал поради прекинот на околу 200 вработени кои биле ангажирани со договор на дело.

Директорот Мемов дециден-проблемот мора ургентно да се решава. Покрај кадровското освежување, оние постари предмети ќе бидат обработени под итно во филијалите каде нема кадровски дефицит.

Стевче Митревски