Потпишан договорот за унгарскиот кредит
Во Будимпешта министерката Димитриевска-Кочовска го потпиша договорот за заем од Унгарија тежок половина милијарда евра. Стави потпис на документот со кој унгарската Експорт-импорт банка ќе треба да ги префрли парите за локален развој и за поддршка на фирмите…

Владата го официјализираше унгарскиот кредит. Во Будимпешта, министерката за финансии Кочовска стави потпис на договорот со Експорт-импорт банката. До крајот на неделава 500 милиони евра треба да легнат на државната сметка.
Половина од средствата ќе бидат наменети за развој на општините, останатото за поддршка на бизнисот. Кочовска очекува да има позитивно влијание врз економската активност.
Унгарскиот заем го договорија премиерите Мицкоски и Обран преку специјална економска соработка. Минатиот месец пратениците дадоа зелено светло во парламентот. Кредитот е со рок на отплата од 15 години и грејс период од три години со каматна стапка од 3,25 проценти.
СДСМ критикуваше дека кредитот е удар за домашните компании, а парите не се унгарски туку кинески, ова тврдење го демантираше премиерот Орбан при посетата во Охрид.
Викторија Милевска
