МВР

Мајка и ќерка пронајдени мртви во тетовско Слатино

08.10.2024 19:30

Сопругот заедно со нивниот малолетен син, ќе бидат префрлени во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош, а потоа ќе биде задржан во полициска станица за понатамошна постапка...

Денеска околу 14 часот во СВР Тетово, доктор пријавил дека во село Слатино бил повикан за интервенција, таму биле пронајдени тела на 36- годишна жена и нејзината малолетна внука без знаци на живот.

Веднаш било постапено по пријавата при што СВР Тетово во содејство со јавен обвинител извршиле увид, а по наредба на обвинителот телата на починатите биле предадени за обдукција.

Сопругот заедно со нивниот малолетен син, ќе бидат префрлени во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош, а потоа ќе биде задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Од понатамошната истрага и обдукцијата се очекува да има повеќе информации за околностите во кои настанала смртта на мајката и детето.