Изреал

Интензивира израелската офанзива врз проиранските групи

09.10.2024 08:16

Во обраќање до либанскиот народ, Нетнајаху повика да се кренат против Хезболах и да ја вратат земјата во мир и просперитет...

Израел ја интензивира воената офанзива врз проиранските групи во регионот. На удар повторно Бејрут, но и Дамаск. Во нападот има цивилни жртви. Во обраќање до либанскиот народ, Нетнајаху повика да се кренат против Хезболах и да ја вратат земјата во мир и просперитет.

„Ослободете ја вашата земја од Хезболах за да може оваа војна да заврши, за вашата земја повторно да напредува, а идните генерации на либански и израелски деца да не знаат за војна и крвопролевања. Конечно ќе живеат заедно во мир. Имате можност да го спасите Либан пред да падне во бездната на долга војна што би довела до уништување и страдање, како што гледаме во Газа“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Хезболах соопшти дека ќе престане да го напаѓа Израел само откако ќе се постигне прекин на огнот со Хамас во Газа. Тел Авив тврди дека организацијата останала без глава откако е елиминиран и нејзиниот иден лидер, Сафиедин.

„Хезболах е организација без водач, Насрала беше елиминиран, неговиот заменик веројатно исто така. Ова има драматичен ефект врз сè што се случува. Нема кој да носи одлуки, нема кој да дејствува“, изјави Јоав Галант, министер за одбрана на Израел.

Во истовреме, Галант го одложи патувањето во САД за кабинетот да може да гласа за природата на одговорот на иранскиот напад. САД бараат дипломатско решение од сојузниците на Блискиот Исток. Повик за прекин на насилствата упати и генералниот секретар на ОН, Гутереш.