Уставен суд

Денеска Уставниот суд ќе одлучува за „Балансерот“

09.10.2024 08:17

По ова, Министерството за јавна администрација пред една недела донесе насоки за државните институциите како да постапуваат при вработувањата...

Уставниот суд денеска на седница треба да донесе конечна одлука по предлогот за оценување на уставноста и законитоста на „Балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Постапката беше поведена пред неполн месец, а Уставен истовремено ја замрзна употребата на „Балансерот“ до донесување на конечната одлука.

По ова, Министерството за јавна администрација пред една недела донесе насоки за државните институциите како да постапуваат при вработувањата.

Одлуката која треба да ја донесе Уставниот суд е во однос на формулацијата „припадност на заедница“ од Законот за вработените во јавен сектор и од Законот за административни службеници, како и во соодветните правилници и методологијата со кои се прецизира ова прашање при вработувањето на припадниците на различни етнички заедници во јавниот сектор.