Украина

Руте: Патот на Украина кон НАТО е неповратен, Русија нема право да гласа

09.10.2024 08:23

Генералниот секретар Марк Руте вели дека патот на Украина кон НАТО е неповратен и дека Русија нема право да гласа или да стави вето по ова прашање...

Генералниот секретар Марк Руте вели дека патот на Украина кон НАТО е неповратен и дека Русија нема право да гласа или да стави вето по ова прашање. Сепак, унгарскиот премиер Виктор Орбан истакнува дека Украина не може да ја победи Русија на бојното поле и дека комуникацијата и прекинот на огнот се неопходни за да се спасат животи. Во истовреме руските сили напредуваат на украинскиот фронт. Тврдат дека армијата влегла во рудникот во Торецк во Доњецката област. Зеленски пак тврди дека неговите сили го одржуваат потребниот притисок врз Русија во регионот Курск. Воведе два пакети санкции-ограничувања за предавниците и за оние кои работат за руската воена индустрија.

„Борбите во регионот Курск веќе се во третиот месец, ние го одржуваме потребниот притисок врз Русија во оваа област. Ќе продолжиме да ги синхронизираме нашите украински санкции и нашиот притисок врз непријателот со сите во светот кои, како Украинците, сакаат вистински мир“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.