Ураганот Милтон се движи кон градот Тампа на Флорида
Ураганот Милтон ја одржува јачината од петта категорија додека се движи кон заливот на Флорида. Се очекува да удри вечерва јужно од Тампа...

Националниот центар за урагани на САД предупредува дека моќниот ураган Милтон ја одржува јачината од петта категорија додека се движи кон заливот на Флорида. Се очекува да удри вечерва јужно од Тампа. Иако предвидувањата се дека ќе ослабне пред да падне на копно, сепак ќе порасне во големина што значи дека неговите катастрофални влијанија ќе се почувствуваат на поголема површина. Претседателот Бајден ги откажа сите патувања поради најавеното невреме.
„Ова би можело да биде најлошата бура што ја погодила Флорида во повеќе од еден век. Дај боже да не биде, но така изгледа во моментов. Треба да се евакуирате сега, веднаш. Тоа е прашање на живот и смрт, тоа не е хипербола“, изјави Џозеф Бјаден, претседател на САД.
Новото невреме доаѓа по неполни две недели откако ураганот Хелен направи хаос на западниот брег и зеде стотици жртви. Населението овојпат посериозно ги сфати апелите на властите и голем број жители се евакуираа навреме.
