Образование
Министерката Јаневска ќе се обрати на конференција посветена на дигитализација на високото образование
09.10.2024 08:31
Конференцијата е во организација на Форумот за образовни промени, Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи и Асоцијацијата за младинско зајакнување...

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, ќе се обрати на конференција посветена на дигитализација на високото образование, што ќе се одржи денеска на Факултетот за електротехника и информациски технологии, во ИННОФЕИТ – Скопје.
Конференцијата е во организација на Форумот за образовни промени, Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи и Асоцијацијата за младинско зајакнување.
