Брисел

Донаторска конференција за штетите од поплавите во Србија и БиХ

16.07.2014 20:21

Се проценува дека над 3 милиони грагани во србија и Босна и Херцеховина, директно или индиректно се загрозени од екстремните поплави кој го зафатија регионов во мај годинава...

Една и пол милијарда евра во Србија и нецели двемилијарди во Босна и Херцеговина изнесуваат штетите предизвикани од неодамнешните поплави. Ова беа сумите кои преставниците на двете држави ги соопштија на денешната донаторска конференција во Брисел, организирана од страна на Европската комисија, Франција и Словенија. 

„Ние мора да им помогнеме на Србија и на Босна и Херцеговина да ја обноват штета, предизвикана од поплавите. Веднаш треба да се вдомат луѓето кои ги изгубија своите домови и да се обнови основната инфраструктура“, рече еврокомесарот за проширување, Штефан Филе.

На конференцијата присуствуваа преставници од меѓународната заедница како и преставници од над шеесетина држави, потоа од свеската здраствена организација, Светската банка но и од приватни компании. Точната сума за санирање на штета во Србија и Босна и Херцеговина сеуште не е прецизирана, но неофицијално се говори за покривање на две третини од проценката на државите.

„Според неофицијални инфорации од службениците кои работат во Европската комисија и Европската унија, можеби износот кој ќе биде дониран за двете држави да надмине 1 и пол милијарди евра“. рече Иван Мркиќ, советник во кабинетот на председателот на Р. Србија.

Советникот од кабинетот на председатлот на Србија Иван Мркич се заблагодари за несебичната помош и солидарноста на граганите и на Владата на Република Македонија

Се проценува дека над 3 милиони грагани во србија и Босна и Херцеховина, директно или индиректно се загрозени од екстремните поплави кој го зафатија регионов во мај годинава.

Марина Стојанова Тонева