Романија
Силен земјотрес ја погоди Романија
09.10.2024 08:57
Земјотресот се случил околу 01:48 часот по локално време, а епицентарот бил на 25 километри северно од градот Бузау...

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Романија во текот на ноќта, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт.
Земјотресот се случил околу 01:48 часот по локално време, а епицентарот бил на 25 километри северно од градот Бузау.
Засега нема информации за евентуална штета или повредени.
