Најстудено во Берово, најмногу дожд во Лазарополе
Во Лазарополе утрово се измерени 5 степени, 7 Крива Паланка, 8 Тетово, Битола, Струмица и Попова Шапка, 9 степени во Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Прилеп, Штип и Маврови Анови, 10 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Дебар, Велес и Кавадарци...

Најстудено утрово е во Берово со измерени 4 степени Целзиусови, додека со 13 степени најтопло е во Демир Капија.
Во Лазарополе утрово се измерени 5 степени, 7 Крива Паланка, 8 Тетово, Битола, Струмица и Попова Шапка, 9 степени во Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Прилеп, Штип и Маврови Анови, 10 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Дебар, Велес и Кавадарци, 11 степени во Гевгелија, Крушево и 12 степени во Виница.
Од УХМР информираат дека во изминатите 24 часа до 08 часот наврнало 5 литри на метар квадратен дожд во Лазарополе, 4 во Охрид и Дебар, а 1 литар на метар квадратен во Маврови Анови, Претор и Штип.
Во текот на ноќта времето беше променливо облачно, утрово е претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Дува слаб, на повисоките места умерен ветер од јужен и југозападен правец.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец.
