Самит Украина - Југоисточна Европа

Во Дубровник силни безбедносни мерки поради пристигнувањето на Зеленски

09.10.2024 09:30

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска за првпат ќе пристигне во Хрватска за да учествува на самитот Украина – Југоисточна Европа во Дубровник, кој го организира заедно со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска за првпат ќе пристигне во Хрватска за да учествува на самитот Украина – Југоисточна Европа во Дубровник, кој го организира заедно со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ.

Главната цел на средбата во Дубровник е солидарноста и поддршката на земјите од Југоисточна Европа за Украина, која повеќе од две и пол години се соочува со руска агресија.

Покрај Зеленски и Пленковиќ, на самитот треба да учествуваат високи функционери на 12 земји од регионот, меѓу кои тројца претседатели, пет премиери и четворица министри за надворешни работи.

Се очекува да пристигнат претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и претседателот на Косово, Вјоса Османи и петмина премиери: на Грција, Киријакос Мицотакис, на Бугарија, Димитар Главчев, на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, на Албанија Еди Рама и Борјана Кришто, претседателка на Советот на министри на Босна и Херцеговина. Турција, Србија, Романија и Молдавија ќе бидат претставени на ниво на министри за надворешни работи.

На самитот се очекува да биде усвоена и Дубровничката декларација, која треба да биде по трагата на претходните декларации од двата самити во Атина и Тирана.