Одбојка

Нема финале за одбојкарите!

16.07.2014 22:47

Реваншот во Будва од полуфиналната фаза, противникот го доби со 3-1 во сетови, идентично како и ние првиот дуел во Скопје...

Македонските одбојкарти не успеаја да се пласирраат во финалето на Европската лига, откако загубија вечерва со златен сет од Црна Гора. Реваншот во Будва од полуфиналната фаза, противникот го доби со 3-1 во сетови, идентично како и ние првиот дуел во Скопје, а потоа решаваше дополнителен сет во којшто нашата селекција беше немоќна, иако добро го отвори мечот. Водеше со 14-11 во првиот сет, а серијата од 6-0 по тој резултат придонесе домаќинот да поведе.

Во вториот избраниците на Жарко Ристовски доминираа и го заокружија убедливо со 25-13, а кога се чинеше дека ќе го направат решавачкиот чекор и дека ќе освојат уште еден со којшто ќе обезбедеа финале, нашите одбојкари паднаа во сите елементи на играта. И предноста од 19-17 во третиот сет не беше доволна да се запечати судбината на Црна Гора која со 25-22 и 25-23 дојде до посакуваните 3-1.

Во златниот сет Македонија беше немоќна и со 15-10 го положи орижјето пред Црногорците. Во дебитанскиот настап во Европската лига нашиот национален состав стигна до полуфинале, што е одличен рерзултат, а Црна Гора ќе игра за титулата со Грција кој ја изненади Словенија на гости и победи со 3-1, на тој начин анулирајќи го поразот пред своја публика од 3-2.